Крај на учебната 2021\2022 година

Особено предизвикувачка и за учениците и за наставниците, официјално заврши учебната 2021\2022 година. Во сенката на ковид-19 и пропуштените часови поради штрајкот на наставниците во основните и средните училишта, оваа учебна година сепак завршува навреме без продолжение на наставата.   

Раководителот на секторот за јавни дејности при Општина Тетово, Назми Даути, во поглед на активностите за подобрување на условите за посетување настава низ училиштата кои локалната самоуправа ќе ги преземе за време на летниот распуст, истакна дека веќе од понеделник ќе се излезе на терен за да се добијат информации од директорите на училиштата околу потребните интервенции.

Ивана Серафимовска