Крводарителна акција во Секторот за внатрешни работи во Тетово

Полициски службеници и вработени во Секторот за внатрешни работи во Тетово денес ја покажаа својата хуманост на дело дарувајќи крв. Акцијата за доброволно крводарување во тетовската полиција ја спроведува Службата за трансфузиологија при Клиничката болница во соработка со Општинската организација на Црвениот крст.

Денешната крводарителна акција е втора годинава, во рамките на која вработените имаа можност преку дарување крв, да ја искажат својата хуманост и солидарност.

Минатата година, во СВР Тетово беа реализирани 3 крводарителски акции, во кои биле собрани над 100-тина единици крв.

error: Content is protected !!