Кризниот штаб на Гостивар бара скратување на полицискиот час

Локалниот Кризен штаб на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше од централниот, бара скратување на полицискиот час. На денешениот состанок, беше констатирано дека состојбата со коронавирусот во гостиварскиот регион е стабилна, новозаболени нема и дека е потребно олеснување на мерките.

„Предлагаме полицискиот час во работни денови да започне од 23 часот и да трае до 5 наутро, а во неработни денови од 19 часот до 5.“, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Од централниот штаб уште еднаш ќе се бара официјално да дозволи работа на кафетериите по шалтерски систем. Како што рекоа од Пазарната инспекција, забраната за продажба на кафе се уште е на сила и важи додека во Службен весник не се објави поинаква одлука.

Регионот на Гостивар актуелно има повеќе оздравени, отколку болни пациенти од Ковид 19.

„Направени се вкупно 225 тестови и има вкупно 17 позитивни. 12 се излечени, додека 2 лица починале. Од активните случаи, 2 лица се од општина Гостивар (Гортна Бањица) и 1 лице од општина Врапчиште (Градец), а нивната состојба е доста стабилна.“, изјави градоначалникот.

Во реферирањето за состојбата, од институциите беше речено дека мерките и препораките генерално се почитуваат. Пазарната инспекција изминатите десетина дена контролирала дали се користи заштитна опрема на лицето во маркети, банки, пошти и слично. За прекршување на оваа задолжителна мерка биле изречени 2 писмени опомени во трговски објекти.

error: Content is protected !!