Кризниот штаб на Општина Брвеница со мерки за заштита од ширењето на коронавирусот

Во оваа општина има само еден сомнителен случај со симптоми на Ковид -19, додека 9 лица се во самоизолација.

Со симптоми на Ковид 19 едно лице од општина Брвеница пред два дена е препратено во Скопје, но се уште не се знае дали е позитивно. Во самоизолација, пак, се 9 лица, информираше градоначалникот Енвер Пајазити, по денешниот состанок на Кризниот штаб со претставници од надлежните институции.

 Градоначалникот Пајазити истакна дека Општина Брвеница ги спроведува мерките за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот.

 Според информациите од Полициското одделение Жеровјане мерката за ограничено движење на граѓаните, во општина Брвеница генерално се почитува, со исклучок на неколку млади лица кои поминале само со опомени.

error: Content is protected !!