Кризниот штаб на Општина Тетово го одржа третиот состанок

Кризниот штаб на Општина Тетово го одржа третиот состанок. Информираа дека и овој четврток пазарен ден во Тетово нема да има, а дезинфекција ќе започне да се врши и во селата од Општина Тетово.

Од Кризниот штаб од Општина Тетово одлучиле да нема пазарен ден и овој четврток се со цел намалување на гужвите во време на ширење на Корона вирусот.

„Денес, на третиот состанок на Кризниот штаб на општина Тетово, кој има функција да управува со состојбата со ширењето на Ковид19, донесени се следните заклучоци, препораки и мерки:

-Во општина Тетово, за среќа, сè уште немаме случаи на заразени граѓани со Covid 19;
-Одговорните лица од тетовската Клиничка болница известија дека и покрај тоа што Тетово сè уште нема регистрирано случаи со граѓани заразени со овој вирус, тие ги имаат сите потребни капацитети и се целосно подготвени да управуваат со состојбата заснована врз здравствени протоколи, ефикасно и ефективно;
– На територијата на општина Тетово и помалите околни општини се пуштени во употреба 6 здравствени пунктови: Тетово, Боговиње, Желино, Теарце, Челопек и Голема Речица.
Целта на овие пунктови е граѓаните да можат да ги пријават своите здравствени проблеми во врска со COVID19 што е можно поблиску до нивните места на живеење, избегнувајќи непотребно движење и со тоа и можност за ширење на вирусот;
Во прилог ова се и 6те телефонски броеви
☎076365163
☎076365120
☎075240464
☎075200839
☎075200339
☎075445124

-Од вчера, сите лекари од примарната здравствена заштита во РМ имаат можност преку електронски модул да го комплетираат епидемиолошкото истражување за своите пациенти, со цел да ги идентификуваат граѓаните кои преку овој алгоритам за информации ќе се квалификуваат како приоритетна категорија што треба да се тестира за COVID19;
– Црвениот крст е релевантна институција која е должна да дистрибуира храна и хигиенски производи за изолираните лица и ранливите категории на КОВИД19
-Ги повикуваме сите поединци и компании во Општина Тетово да ја докажат својата социјална одговорност со донирање храна и хигиенски материјали на Црвениот крст во Тетово. Број за контакт е 070 263 400“, рече Арифи.

Оттаму информираа дека се врши дезинфекција на јавните површини во градот, а деновивие ваквата активност ќе продолжи и во селата.

Арифи се заблагодари на граѓаните на Тетово кои како што рече ги почитуваат препораките на комисијата за здравство и како што додаде добра вест е што во Тетово нема ниту едно лице регистирано позитивно на КОВИД 19     

Powered by Live Score & Live Score App