Кризниот штаб на Тетово ќе бара од владата да се укине меѓуградскиот сообраќај низ полошките општини

Кризниот штаб на Тетово ќе бара од Владата да се укине меѓуградскиот сообраќај низ полошките општини. На тој начин ќе се намали раздвиженоста на луѓето , а со тоа и ширење на коронавирусот. Мерката за ограничување и прекин на организираниот превоз на граѓани, треба да се направи според примерот на Општина Куманово.

Оттаму упатија апел Јавното претпријатие Македонски шуми во време на пожари да бидат поорганизирани и да има поголема контрола низ планините. Секој нов пожар значи ангажирање на Тетовската противпожарна единица, екипа која е дел од кризниот штаб и игра голема улога во намалување на ширењето на коронавирусот, рече градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Таа истакна дека побрала и помош за Јавното комунално претпријатие Тетово

Во Општина Тетово и другите околни општини, откриени се нови 6 случаи на КОВИД 19, со тоа вкупниот број заразени e 49, од кои 20 во Општина Тетово, останатите случаи се од другите рурални општини.

Во Општина Тетово вкупно се направени 400 тестови на граѓани кои ги исполниле условите за тестирање според епидемиолошката анкета на Министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!