КУД „Бранко Чајка“ од Тетово на деветиот Меѓународен фолклорен фестивал „Вечери покрај Требишница“ – Требиње

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово успешно се претстави на деветиот Меѓународен фолклорен фестивал „Вечери покрај Требишница“ во Требиње, Република Српска, БиХ. Организатор на фестивалот е Ансамблот за национални игри „Јован Дучиќ“ од истоимениот град. На него учествуваат ветерани на фолклорот, изведувачки ансамбли, пеачки групи и солисти. Фестивалот се одржа од 23 до 26 јуни 2022 година.

На импровизираната сцена во центарот на градот, под старите јавори, на трите фелстивалски вечери, според зборовите на организаторот, настапија над 1.000 учесници од Србија, Република Српска, Црна Гора, а како единствени претставници од Република Северна Македонија настапија членовите на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово. Фестивалот има ревијален и натпреварувачки карактер. Играорките, оркестарот и вокалниот солист Јована Богдановска пред многубројната публика настапи во ревијалниот дел и се претстави со кореорафија на познатата македонска песна „Билјана платно белеше“. 

Трите вечери започнуваа со дефиле на фолклорните групи низ улиците на Требиње при што беа топло поздравувани од случајн ите минувачи. Дефилето  завршуваше до местото на одржување на фестивалот со заедничко оро на сите изведувачи. Ова заеднчко оро претствува убаво доживување како за учесниците така и за гледачите бидејќи тоа оро го сочинуваат играорци во носии од различни краеви сплотени во едно срце кое поседува  голема љубов кон играта и песната.

За време на одрржувањето на фестивалот претставниците на друштвата имаа прием кај градоначалникот на општината Требиње г-динот кој поздравувајќи ги присутните истакна дека културата треба да биде на прво мести и дека Требиње е град со отворено срце и сите добронамерни луѓе се добродојдени во градот.

Учеството на фестивалот претставува проект од национален интерес во културата за 2022 година поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.