КУД „Извор“ од Јегуновце со годишен концерт пред тетовци

Културно-уметничкото друштво „Извор“ од Јегуновце, изминатава сабота во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, го одржа својот годишен концерт. На концертот публиката имаше можност да ужива во прекрасните кореографии на низа македонски народни песни, кои датираат од повеќе краеви на Македонија. Културно-сценската програма, пак, беше збогатена и со народни песни и ора во изведба на играорците од КУД „Шумадија“ од Влашка Р.Србија и членовите на КУД „Бисер“ од Кичево.

Инаку,Општина Јегуновце има повеќе од 50-годишна традиција во негување на фолклорот. Сe’ започнало од неколкумина ентузијасти кои во далечната 1968 година го основале КУД „Југохром“ коешто во 2003 година се трансформира во КУД „Извор“.

Ивана Серафимовска