КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце со свечен концерт го прослави 10-годишниот јубилеј
Со свечен концерт на кој беа изиграни низа фолклорни кореографии, Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, изминатава сабота го одбележа 10-годишниот јубилеј од возобнување на друштвото. На концертот гостуваа и играорци од Хрватска и Србија.
Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце, изминатава сабота со концерт во спортската сала на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце, го одбележа 10-годишниот јубилеј од возобновувањето на друштвото. Покрај играорците од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ кои пред присутните се претставија со неколку фолклорни кореографии, на концертот гостуваа и играорци од Хрватска и Србија.
На свечениот концерт, му претходеше дефиле на сите учесници, низ населеното место Теарце.
Ивана Серафимовска