КФМ: Ќе има испаѓање и од 2. лига

Управниот одбор на Кошаркарската Федерација на Македонија го утврди системот на натпреварување за следната сезона. Официјално е потврдено дека следната сезона во првата лига ќе настапат 12 екипи. Последните 4 на табелата ќе се преселат во второлигашката конкуренција, од каде најдобрите две ќе обезбедат промоција во повисок ранг, се со цел повторно првата лига да има 10 екипи. Новости ќе има и во втората лига. За наредната сезона предвидено е да има и испаѓање од лигата и формирање на трета лига.

Со последните одлуки на Управниот одбор, дефинитивно е завршено и женското првенство без прогласување на шампион, а предлогот е да биде формирана и втора лига во женска конкуренција.