Лекарите во Гостивар апелираат граѓаните навреме да бараат медицинска помош

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Медицинарите во Гостивар имаат полни раце работа, откако периодов се влоши состојбата со коронавирусот на подрачјето. Бројот на активно болни надмина 210, а епидемиолошката служба постојано детектира нови случаи. Според податоците оттаму, денес се потврдени 19 новозаразени. Од нив, 14 во Општина Гостивар и 5 во Општина Врапчиште.

Алармантноста на ситуацијата ја потврдуваат и од Итната медицинска помош на гостиварскиот Здравствен дом, каде бележат се повеќе пациенти со симптоми на ковид. Сепак, лекарите потенцираат дека граѓаните честопати се обидуваат сами да се лечат дома, а медицинска помош бараат дури откако тегобите ќе станат сериозни и загрозувачки.  

„Она што загрижува е што има пациенти кои се кријат, се обидуваат сами да се лекуваат дома, а помош бараат дури кога многу ќе им се влоши состојбата. Би апелирала да не се прави тоа, не треба да се плашат или да се срамуваат да се обратат на матичните лекари кога ќе добијат некои симптоми. Се случува да затекнеме пациенти за кои после се утврдува дека имаат ковид, а тие со денови сами се лекувале дома без консултација со лекар. “, вели д-р Фларуше Османи, раководител на Итната медицинска служва во Гостивар.

Лекарите забележуваат и промена на симптомите кај пациентите.  Освен тешкотии во дишењето и висока температура во последно време се јавуваат и стомачни проблеми. Сите кои се сомнителни на ковид, се упатуваат на тестирање.

Гостивар, според класифицирањето на ризикот веќе се наоѓа во фаза 3, на локализирана трансмисија на вирусот, за разлика до скоро кога беше во втора фаза, со спорадични случаи.  

Материалы по теме:

Продолжува трендот на опаѓање на наталитетот во Гостивар
Во Гостивар годинава се родиле помалку бебиња во споредба со лани, истиот период. Но, опаѓањето на наталитетот не се поврзува со пандемијата на Ковид ...
Млади музичари од Гостивар промовираат прва заедничка песна
Уметничките души не мируваат со творењето, ниту во време на корона. Ковид пандемијата за жал ги запре настапите и концертите, но не ги спречи ...
Координативен состанок во Гостивар пред стартот на новата учебна година
Новата учебна година стартува утре. На гостиварска територија согласност за настава со физичко присуство добиле само неколку училишта во селата, додека во останатите наставата ...
Административни процедури ја одолговлекуваат распределбата на социјалните станови во Гостивар
Наместо да бидат нечиј топол дом, овие станови во Гостивар наменети за социјално загрозени семејства и по година и половина од изградбата, се’ уште ...
На инфективно во Гостивар ќе се додаваат кревети за пациенти со ковид
Минатата недела во регионот на Гостивар беше забележан најголемиот раст на заболени со ковид, вкупно 30. Со тоа се зголеми и бројката на хоспитализирани ...