Лекарската комора ќе одлучува за времено одземање на лиценцата за работа на лекарот-анестезиолог

Покрената е постапка пред Судот на честа на Лекарската комора за времено одземање на лиценцата за работа, лекарот кој работел како анестезиологот во тетовската болница, социјалната мрежа Тик Ток во живо снимаше и емитуваше видео во кое се гледа медицински персонал и пациенти на кои им се пружала помош на гинеколошкото одделение за киретажа. Конечната одлука ќе се знае идната недела.  

Лекарот ги нарушил правата и достоинството на пациентите и угледот и честа на лекарската професија, рече претседателката на Лекарска комора на денешната прес конференција.

Пред два дена Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против анестезиологот за кривични дела – Несовесно работење во службата, како и Неовластено снимање.

Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права.

Откако беше приведен, Основниот суд во Тетово му одреди мерка притвор од 8 дена по предлог на Јавниот обвинител.

Анестезиологот беше отпуштен од работното место.

Данијела Билбилоска