Лексикон со неверојатни приказни околу уметничките дела

590 репродукции на слики на странски автори создадени во Македонија во втората половина на 19 и првата половина на 20 век, заедно со нивните биографии собрани на речиси 400 страници во една книга. „Лексиконот“ е дело на Влатко Милошевски кој на овој проект работел речиси 20 години. Зоран Андонов се приклучува со задача како новинар да направи балансираност меѓу текстовите бидејќи тие потекнувале од повеќе извори.

Лексиконот е исполнет со ликовни дела кои биле инспирирани од луѓето, градовите, пејсажите, обичаите и историските настани.

Авторите велат дека во ова време предизвик е да се создаде едно дело, во поглед на негова реализација од финансиски аспект.

Освен историја и историја на уметноста, Лексиконот содржи и неверојатни приказни околу уметничките дела. На пример познатиот британски воен сликар и репортер Вилиам Т. Мод цртал и известувал од Македонија за грабнувањето на Мис Стон. Во лексиконот се и известувањата и скиците на Британецот Ричард Катон Вудвил за Илинденското востание и за настаните пред и по нњго.

Данијела Билбилоска