Летечката театарска трупа од Тетово два дена по ред на публиката и ја раскажуваше приказната за заспаната убавица Трнорушка

Оваа театарска претстава за мали и големи деца изминативе денови имаше две изведби во центарот за култура „Иљо Антески Смок“, премиера и реприза. Претставата беше посебно доживување за најмладите вљубеници во театарот зашто приказната беше раскажана на разбирлив и интересен начин за да допре токму до најмладите.

Интересот за претставата беше многу голем. Како што велат од Летечка театарска трупа, Тетово има долгогодишна театарска традиција, а публиката е секогаш жедна за театарски и воопшто културни збиднувања.

Театарската претстава „Трнорушка“ (Заспаната убавица) е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Од Летечка театарска трупа велат дека во моментов интензивно се подготвуваат за уште една премиера на театарска претстава на почетокот на следниот месец.

Данијела Билбилоска