ЛЕ: Ботошани – Шкендија 0-1

Екипата на Шкендија забележа победа од 1-0 на гостувањето кај романски Ботошани и обезбеди пласман во 3. коло од Квалификациите за Лигата на Европа. Победничкиот гол за Шкендија го постигна Бесарт Ибраими во 2. минута од натпреварот.

Од 67. минута Шкендија играше со играч помалку, откако Арменд Алими беше исклучен, но сепак, тетовските фудбалери успеаја да ја сочуваат предноста и да победат.

Во следното коло, во четврток, на 24.09. во 20 часот, на Националната Арена Тодор Проески во Скопје, Шкендија ќе го пречека Тотенхем од Англија, кој од клупата е предводен од Жозе Мурињо.

error: Content is protected !!