Лидерот на ДПА Мендух Тачи, најави можна соработка со помалите политички партии на Албанците

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, најави можна соработка со помалите политички партии на Албанците. Тој рече дека на престојните предвремени избори ќе се води политичка битка меѓу неговата и партијата на Ахмети.

Додаде дека нема да дозволи за време на предизборната кампања ДУИ да купува гласови.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села пак, по завршувањето на синоќешното централно претседателство, изјави дека писмено ќе се обратат до Алтернатива и БЕСА, за идна заедничка колација.

Тачи ја прокоментира најавената колација, Алијанса Беса и Алтернатива, која според е само начин да се дојде до освојување на пратеничко место од страна на политичките лидери.

Засега од политичките партии на Албанците само од ДУИ со став дека ќе настапуваат сами на претстојните предвремени избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *