Лишен од слобода тетовец со над 1 100 парчиња пиротехника

Приведен и сопственик на угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера на улица 146 во Тетово привеле 50-годишен тетовец, кај кого биле пронајдени и одземени 1 116 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по зоканот за заштита од експлозивни материи.

Вечерта околу 20.00 часот, пак, извршена е контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на 24-годишник од Тетово и констатирано е дека објектот работи по дозволеното време и имало послужено 12 гости. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е времено затворен инспектори од СВР-Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат по документирање на случајот ќе поднесатc соодветна пријава против него, а во врска со чл.206 од КЗ на РСМ.