Луковчани сами ќе собираат пари за проект за изградба на патот

Со години жителите на Луковица, општина Желино, чекаат да се асфалтира патот до нивното село. Делницата долга безмалку 6 километри од местото викано Крстец, па се до селото е во лоша сосотојба, со дупки и нерамнини.

По постојаните одбивања од локалните власти да издвојат средства за изградба на патот, тие решиле сами да собираат пари за да се направи проектна документација со која ќе аплицираат на меѓународни фондови.

Луковица е сместена на падините на Сува Гора, над езерото Козјак, во преубава природа погодна за рурален туризам. Дополнително и економскиот развој на селото зависи од асфалтирањето на патот.

Се зголемува бројот на куќите што се градат во селото, кое изминатиов период е доста посетувано, особено поради рестриктивните мерки за време на пандемијата.

Инаку, за изградба на патот до Луковица во должина од 5,5 км, односно за тампонирање и асфалтирање, според нормативите потребни се 220 000 евра.  

error: Content is protected !!