Маестрален концерт на виолинистката Бисера Кировска во Тетово

14-годишната виолинистка, Бисера Кировска, со маестралниот концерт одржан денес во средното музичко училиште во Тетово, приреди вистинско уживање за присутните. Кировска се претстави со добро избрана музичка програма, а публиката можеше одблиску да се увери во нејзиниот талент наградувајќи ја со заслужени аплаузи.

Кировска како што истакнува пред нашата камера, виолина започнала да свири уште од шестгодишна возраст заедно со нејзиниот татко Љубиша Кировски кој потекнува од Тетово.

Младата виолинистка има учествувано на музички натпревари од каде има понесено бројни награди.

Ивана Серафимовска