Маестрална изведба на премиерата на „Бубрегот“ пред тетовската публика

Маестрална изведба на премиерата на „Бубрегот“ пред тетовската публика. Претставата во режија на Марјан Георгиевски, по текст на Штефан Фогел беше одиграна во саботата, на малата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Георгиевски вели дека токму блискоста до актерите и овозможува на публиката да ги почуствува сите емоции.

Претставата е проект на Тетовскиот театар, во кој режисерот Георгиевски е гостин од Битолскиот театар.Тој е презадоволен од целокупната соработка.

Во претставата играат четворица актери, двајца од Тетовскиот театар – Ѓорѓи Нешковски и Ирена Мирчевска, како и двајца гости – Марко Богдановски и Јасминка Василева. Сценографија ја изработи Валентин Светозарев.

Данијела Билбилоска