Македонија во жолта фаза – ниски температури и во Полошко

Во Тетово денес измерени минус 15 степени целзиусови. Според најавите на синоптичарите, од денеска земјава е биде зафатена со поларен студ и се наоѓа во жолта фаза со многу ниски температури кои ќе се спуштаат и до минус 18 степени целзиусови. Од УХМР најавуваат ниски температури и за утрешниот ден, а кон крајот на неделата ќе има благ пораст на истите. Најмногу снег наврна на Попова Шапка – 51 центиметар и температура од -13 степени, додека пак во Маврово снежната покривка достигна висина од 35 цм.

Поради ниските температури, од Министерството за здравство препорачуваат граѓаните да носат топла облека, соодветни обувки за снег и мраз, но и почесто за консумираат топли напитоци. Исто така се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење да се внимава на лизгавите површини.