Македонија денеска го одбележува 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

На 5-ти мај за првпат е претставена азбуката на современиот македонски јазик, резултат на работата на јазичните комисии кои се формирани по одлуката на Второто заседание на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен. Непосредно потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен првиот македонски правопис, по што следува и објавувањето на граматиките, речниците итн..

-Секое време си носи свои предизвици за македонистите. Негирања во континутет постојат години наназад, вели Лилјана Гушевска, професорка на Универзитетот во Тетово и научен советник во Институтот за национална историја.

Зачувувањето на јазикот е обврска на секој од нас. Негувањето на дијалектите претставува и негување на јазикот, но стандардниот јазик треба да се применува во сите сфери на општеството, вели Гушевска.

  5-ти Мај, денот кога е официјализирана македонската азбука, од минатата година се прославува и како Ден на македонскиот јазик.

error: Content is protected !!