Македонија домаќин на одбојкарски квалификации за ЕП

Европската одбојкарска федерација дефинитивно ги одложи квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година. Квалификациите беше предвидено да се одиграат во втората половина на август и почетокот на септември оваа година. Сепак, според новата одлука на ЦЕВ, Македонија за пласман на Европското првенство ќе се бори во јануари следната година. Нашата репрезентација е во група заедно со селекциите на Данска, Турција и Босна и Херцеговина. Во јануари ќе се одиграат два квалификациски турнири, првиот во Данска од 7. до 10., а потоа и во Македонија од 14. до 17.

Пласман на континенталниот одбојкарски собир ќе обезбедат победниците на седумте квалификациски групи, како и најдобрите пет второпласирани репрезентации.

Европското првенство следната година ќе се одржи во четири земји: Чешка, Естонија, Финска и Полска.