Македонија – Косово повторно одложено

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Плеј-оф натпреварот за пласман на Европското првенство, помеѓу Македонија и Косово по втор пат е одложен. УЕФА на вчерашниот видео состанок со сите 55 членки донесе неколку одлуки за тоа како и кога ќе продолжи сезоната. За нас најважна е одлуката за историскиот натпревар против Косово, кој втор пат се одложува поради пандевијата на Ковид19. Дуелот против Косово првично требаше да се одигра на 26 март, но беше одлжен за 4 јуни, а беше одложено и Европското првенство за следната година. Сега УЕФА повторно ги одложи плеј-оф натпреварите за пласман на континенталниот собир, а новиот термин се очекува да биде помеѓу 3ти и 8ми септември оваа година.

На вчерашниот состанок покрај одложувањето на сите репрезентативни натпревари во машка и женска конкуренција кои требаа да се одиграат до месец јуни, комплетно беа откажани и две натпреварувања, а тоа се Европското првенство до 17 години во машка конкуренција и женското европско првенство до 19 години. Останатите првенства во младински конкуренции се одложени, бидејќи истовремено се и квалификации за светските младински првенства.

УЕФА одлучи да направи промени и во финансискиот фер-плеј за учество во европските купови, бидејќи клубовите се во голема финансиска криза и многу од нив не можат да ги исполнат условите кои важеа до сега, а продолжен е и рокот за пријавување на екипи во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа, со што на националните федерации им се дава подолг рок за завршување на првенствата, кои се очекува да се играат до месец август, а потоа да следуваат репрезентативните настапи и веднаш потоа да започнат и новите првенства од следната сезона.