Матичните лекари деноноќно во борба со ковид 19


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Околу 95 проценти од ковиддијагностицираните пациенти за среќа се со полесни симптоми и за нив потребно е домашно лекување и третман преку примарното здравство. Поради тоа токму на нив паѓаат најголем дел од обврските во време на пандемија.

Во битка со пандмијата речиси 10 месеца деноноќно се и матичните лекари. Тие ги водат болните од ковид 19, секојдневно контактираат со секој од нив, ги упатуваат на тестирање и дополнителни испитувања, исто така одговараат на потребите и на другите пациенти, а се преоптоварени и со административни процедури.  Овој период примарното здравство е преоптоварено, вели координаторот на матичните лакари од Тетово, доктор Светлана Трифуновска.

За да се заштитат пациентите, матичните продолжуваат да ги извршуваат и административните процедури за другите институции . Откако и повеќе оддели во болниците се пренаменија во ковид центри тие ги покриваат и специјалистичите гранки.

Инаку, вчера претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија, Лилија Чолакова Дервишова, за МИА изјави дека матичните лекари се разочарани зашто здравствените власти ги изоставиле од финансиската поддршка.