Матурантите ќе ја бојкотираат наставата

Од утре матурантите ќе ја бојкотираат наставата – бараат намалување на бројот на предмети за државната матура.

Од Сојузот на средношколци најавуваат дека од утре мнозинството матуранти ќе ја бојкотираат наставата.

 Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи, како образложение го наведува неприфаќањето на нивните барања за намалување на бројот на предмети кои треба да се полагаат на државната матура оваа година, од четири на два.

Ходаи вели дека бојкотот дека ќе продолжи се додека нивните барања за модификација на содржината на државната матура не бидат прифатени од образовните органи.