Метин Муареми е новиот претседател на платформата Пријателите на Шара

Метин Муареми е новиот претседател на платформата Пријателите на Шара. Годинава приоритет на организацијата е постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк да биде влезена во рамки на институциите на системот.

 Од платформата Пријателите на Шара, велат дека изборите ќе ја одолжат постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк, но се надеваат дека целата постапка ќе заврши од 6 до 12 месеци.

Муареми, вели дека мора да се внимава на самата постапка при прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, односно заштитата на подрачјето да може да се спроведе во пракса, а не само на хартија.

Иницијативата за прогласување на Шар Планина за Национален парк е долга две децени, но истата се уште не е влезена во законска односно собраниска процедура. За разлика од кај нас, на косовската страна Шара е заштитена пред повеќе од 30 години. Ако се заштити оваа планина од наша страна целиот Шарпланински предел ќе преставува најголем заштитен појас во Југоисточна Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!