Мешање на лицата со Ковид-19 и останатите пациенти во амбулантите на матичните лекари

Матичните амбуланти не може да се трансформираат во Ковид центри, ниту во дневни ковид болници. Матичните лекари се грижат не само за пациентите со Ковид-19, туку и за редовните пациенти кои се соочуваат со низа различни здравствени тековни, но и хронични заболувања. Матичните лекари посочуваат на оптимално решение.

„Има голема конвергенција на пациентите за време на целата пандемија. Покрај пациентите со симптоми на Ковид-19, кај матичните лекари има голем број и на пациенти со други заболувања, хронични или тековни, или пак некои случаи кои бараат лекарски третман. Не може матичните амбуланти да станат ковид центри, треба пациентите со Ковид-19 да се испратат на едно место каде што можеби би се вовело дежурство на матичните лекари и слично, па таму да се водат пациентите и да се прават потребните анализи и прегледи. На ваков начин само се оптоварува примарното здравство и најголемиот данок го плаќаат самите пациенти“, вели д-р Тимосије Јованоски, лекар по општа медицина.

Веќе подолго време земјава се соочува со есенски бран од Ковид-19, а здравствениот систем е под голем притисок. Тетово е меѓу првите градови во земјава сзо најмногу заболувања досега, но и висок број на активни случаи.

error: Content is protected !!