Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО одбележа јубилејни 50 години постоење

Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО го одбележа 50-годишниот јубилеј. Викендов во Тетово настапија над 600 хористи од земјава и од странство.

Јубилејни 50 години постоење одбележа Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО. Оваа манифестација и градот, веќе пет децении се домаќини на стотици хорови и илјадници хористи од целиот свет и место каде се исполниле голем број нови хорски песни кои зазеле значајно место во овој вид на музика.

Викендов во Тетово на двете фестивалски вечери во Центарот за култура, како и во Соборниот храм настапија вкупно 17 хора.

Годинава генерален покровител е претседателот Стево Пендаровски кој се обрати преку видеопорака.

Данијела Билбилоска