Мие у Тетоо е насловот на документарниот филм кој беше прикажан пред тетовската публика
Мие у Тетоо е насловот на документарниот филм, кој беше прикажан пред тетовската публика. Филмот прикажува гледишта на религиските заедници за соживотот и соработката на луѓето од различни етникуми и вери.
Преставниците од трите верски заедници од Тетово, сметаат дека луѓето меѓусебно се почитуваат, иако се од различна етничка и религиска припадност, но како што велат потребна е нивна поголема соработка и комуникација.
Документарниот филм Мие у Тетоо, го изработи невладината организација граѓански комуникации.
-Со филмот Мие у Тетоо сакаме да го прикажеме соживотот во Тетово меѓу Македонци, Албанци Роми и Турци и сите етнички заедници кои живеат во овој град. Верските поглавари, велат дека соживотот е само преку камерите, каде има официјални настани. Мислам дека има соживот, но во минатото имаше повеќе соработка меѓу луѓето од различни вери и етникуми. Сметам дека се зависи од личноста, рече Катерина Пауновска од невладината организација Граѓански комуникации.
Невладината организација Граѓански комуникации, претходно организираше настани, каде се презентираа проблемите со отпадот и сообраќајот во градот.