Милионски суми се загубени со неработата на спортските обложувалници

700 спортски обложувалници ги отворија вратите за своите клиенти, по одлуката на владата истите да работаат по шалтер систем. На местото на уплата дозволено е присуство на едно лице, а забрането е служење на пијалаци.  

Од Асоцијацијата на спортски обложувалници, велат дека загубите додека биле затворени обложувалниците се големи. Изгубеното не може да се надокнади. Се надеваме дека како и сите дејности така и нашата ќе се врати во нормала. Во меѓувреме ни останува да ги почитуваме здравствените протоколи.

Од Здружението Антикоцкање, реагираат на одлуката за работа на објекти каде се приредуваат игри на среќа. Наместо дислокација на казината и објектите надвор од населени места, властите дури и во време на пандемија кога речиси и да нема спортски натпревари стимулира коцкање.

Од Асоцијацијата велат дека со дислокација на објектите каде се приредуваат игри на среќа, ќе изгуби државниот буџет каде се слеваат околу 250 милиони евра од обложувалници и казина.

Од Здружението Антикоцкање, со години бараа сите објекти каде се приредуваат игри на среќа да бидат одалечени најмалку 3 километри од населени места ,со cел да се намали како што велат оваа девијантна појава, која се почесто ја практикуваат младите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App