Минималната плата достигна 20 175 денари

Согласно новото покачување на минималната плата одлучено на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, истата ќе изнесува 20 175 денари.  Ова е ново покачување на минималната плата отакако претходно изнесуваше 18 илјади денари, а истата како што истакнаа од Владата годинава пораснала за 12,55 проценти.

Почнувајќи од април годинава минималната плата во змејава ќе изнесува 20 175 денари, ова беше одлучено во рамки на денешната седница на Економско-социјалниот совет во Владата.

Минималната плата во 2023 година пораснала за 12,55 проценти, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Согласно новата методологија за утрвдување минимална плата истата за шест години се удвои и сега изнесува над 20 илјади денари, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  

Ивана Серафимовска