Министерот за образование Јетон Шаќири во посета на ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денес беше во посета на средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. При посетата во изјава за медиумите, Шаќири, рече дека во пресрет на престојните уписи во средните училишта, треба да се поттикнат полуматурантите нивниот избор за продолжување на образованието да бидат токму средните стручни училишта.

Шаќири додаде дека Министерството предвидува доделување 1500 ученички стипендии како поддршка за учениците кои ќе се запишат во средно стручно образование.

На прашањето дали се предвидува реконструкција на училиштето „Моша Пијаде“, Шаќири, одговори дека во 2024 година се очекува целосно негово реновирање.

ССОУ „Моша Пијаде“ денес брои околу 1.500 ученици кои се образуваат во сообраќајна, машинска, земјоделско-ветеринарна, угостителско-туристичка, електротехничка, градежно-геодетска и шумарско-дрвопреработувачка струка.

Ивана Серафимовска