Министерството за внатрешни работи спроведува засилени акциски контроли на патиштата


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Откриени и законски санкционирани се 148 прекршоци во рамки на вчерашната акциска контрола за брзина на подрачјето на СВР Тетово, од кои 109 во тетовско и 39 во гостиварско.

Сто и седум од прекршоците (ТЕ-81 и ГВ-26) се пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, пред се на автопатот Гостивар-Тетово и регионалните патишта Тетово-Јажинце, Тетово-Волковија и Гостивар-Дебреше.Од нив, 17 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-6) биле пречекорувања за повеќе од 70 километри на час.

Во населено место, односно на улиците „ Видоја Смилевски-Бато“ и „Маршал Тито“ во Тетово и „Илинденска“ во Гостивар констатиран бил 41 прекршок (ТЕ-28 и ГВ-13), од кој 1 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, односно прекршочни платни налози и 11 писмени опомени.

Во саботата на подрачјето на СВР Тетово, биле санкционирани 194 возачи за возење со брзина поголема од дозволената на патиштата. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на вчерашната  прес конференција во Тетово истакна дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во вчерашните контроли, пак, спроведени територијата на цела држава санкционирани се 786 возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената.