Михаил замина на лекување во Белград

Двегодишниот Михаил Ристоски од Тетово, заедно со семејството замина на лекување во болницата во Белград, Република Србија.

Поради неговата дијагноза парализа на левата рака, добиена како резултат на повреда при неговото раѓање, потребни му се третмани со акупунтура, базен и физикална терапија.

Потребните средствата за неговото целокупно лекување и за престојот, беа собрани благодарение на хуманите граѓани, кои се одѕваа на апелот за помош.