Младинското учество е важно

Младите да се вклучат во различни активности и да се поттикнат да останат во земјава. Ова е целта на проектот „Младинското учество е важно“. Се спроведува во 8 општини низ државата, а во просториите на „Урбан“ во Тетово, денес се одржа првиот од низата настани кои ќе бидат организирани со цел вмрежување на организациите и институциите со идеја да се воспоставуваат младински центри.

На настанот учествуваа и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами и заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Роберт Декер.

Маја Пероска