Младите бараат работа во странство, а невладините со проекти сакаат да ги задржат во земјава

Во недостиг на работни места во нашата земја, младите лица се почесто избираат да работат во други држави, а неретко одлучуваат и да останат да живеат таму. Иван Штерjоски од СОС Детско село вели дека дополнително вработување потешко наоѓаат младите од социјален ризик.

Во насока на подобрување на вработливоста на младите многу често невладините организации спроведуваат проекти. Ана Марија Стаменкоска, магистер по биотехнички науки, која по 18 месеци како активен барател, најде работа, по обуките во Здружението Институт за развој на заедницата, вели дека голем дел од младите не знаат и како да напишат биографија.

Од Институтот за развој на заедницата потенцираат дека мора да се креираат нови инвентивни мерки за да се задржат младите во земјава.

            Инаку, преку проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ на национално ниво 150 млади нашле работа, повеќе од 80 биле практиканти, над 90 посетиле стучни обуки и курсеви. 

Данијела Билбилоска