Младите се` почесто и лесно посегнуваат по дрога

Младата популација се` почесто и полесно посегнува по дрога. Полицијата на гостиварското подрачје постојано евидентира случаи на млади корисници на дроги, па и дилери. Лесната достапност, недоволната информираност за последиците, потребата од некој вид на „покажување“ пред врсниците и слично ги туркаат тинејџерите кон мрачни лавиринти. 

„Предничи злоупотребата на марихуаната, и тоа е особен проблем кој и ние како служба го регистрираме најмногу кај средношколската популација, но тоа го има и кај деца од седмо, осмо и деветто одделение. Нас особено не` загрижува што во изминатите неколку години бележиме и случаи на злоупотреба на кокаин, исклучиво опасна психотропна супстанца.“, рече Наташа Срезоска, инспектор во ОВР Гостивар.

Истражување на државно ниво покажало дека околу 15% од младите пробале или употребуваат некаков вид на дрога.

Во полицијата во Гостивар бројот на регистрирани лица кои злоупотребуваат  дроги и наркотици е околу 370, но познавачите оценуваат дека реалната бројка е поголема.

Од минатата година на полошкото подрачје има засилени контроли за откривање и санкционирање на лицата кои поседуваат, пуштаат во промет или уживаат наркотични средства.

error: Content is protected !!