Млади фарбаат дрвја со варовник со цел нивна заштита


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Членовите на Локалниот младински совет од Тетово полицискиот час изминативе неколку дена го искористија за општествено корисна работа. На главните булевари во централното градско подрачје вршат фарбање со варовник на дрвјата со цел заштита и нивна дезинфекција, иницијатива која ќе ја продолжат и во текот на следните денови.

Од друга страна на социјалните мрежи беа објавени фотографии од искршени клупи во градот.

Од Локалниот младински совет како следна активност најавуваат фарбање на рабовите на тротоарите во Тетово.