Можностите за вмрежување на училишните библиотеки во Кобис системот претставени во Гостивар

Училиштата во Гостивар добиваат можност бесплатно да се вмрежуват во националната виртуелна библиотека. Вклучувањето во библиотечниот информациски Кобис систем, за учениците и професорите би значело поголема достапност на книги преку интернет и лесно пребарување на литературата. Условите и придобивките од ваквото вмрежување, денес беа презентирани пред претставници на училиштата.   

„Системот функционира со софтвер кој овозможува дигиталиација на сите процеси во библиотечното работење. Се креира електронски каталог кој е јавно достапен , преку кој сите можат да видат со какви публикации располага библиотеката, автоматизација на користењето на библиотечниот фонд, и корисниците можат и преку интернет да си резерврираат публикации“. изјави Жаклина Ѓалевска, одговорна во Кобис.

Општинскиот Сектор за образование планира поголем дел од училиштата да станат дел од националната виртуелна библиотека. Освен техничките подготовки, библиотекарите ќе треба да посетуваат посебна обука.

Во библиотечниот информациски систем Кобис актуелно се вклучени 70 институции од Македонија.