Монтажниот објект на модуларната болница во Тетово се очекува да биде пуштен деновиве


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Според првичните планови во него ќе бидат сместени сите пациенти со ковид 19, што ќе овозможи повторно функционирање на одделите кои сега се ковид центар.

Деновиве се очекува да биде пуштена во употреба модулатната болница во состав на тетовската Клиничка болница. Според првичните планови сите пациенти со ковид 19 би биле сместени на едно место, што би било подобро решение за здравствениот персонал во ковид центарот. Во овој монтажен објект ќе има 35 легла.

Дополнително со овој потег би се овозможило и враќање на работата на одделенијата кои во моментов се пренаменети за ковидпациенти.

Инаку во Тетово и тетовско, денес се регистрирани 19 нови случаи на ковид 19, а активно болни се 237 лица. Вкупниот број на ковид дијагностицирани пациенти од почетокот на пандемијата во овој регион достигна 5 339, додека битката со вирусот ја изгубиле 215 лица.