Мртовечки сандаци завршија на депонијата Русино, полицијата истражува

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Фрлени мртовечки сандаци на Русино, ги растревожија и вознемирија гостиварци. Сандаците завршиле на депонијата вчера, по што на социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии. Во јавноста се отворија прашања, од каде ковчезите се нашле на Русино, кој и зошто ги фрлил. Дополнителна паника создаде фактот што сандаците се со лимен дел, какви според протокол се користат за погребување на починати од ковид. Со исти такви, се пренесуваат мртовци од странство. Полицијата истражува, и за сега нема конкретни одговори околу случајот.

Од јавното претпријатие Комуналец велат дека сандаците вчера наутро ги собрале од дива депонија кај гробиштата во населбата Млаки. Тоа го направиле по реакција на граѓани.

„Нашите ингеренции како претпријатие се одржување на гробиштата и обезбедување на гробно место, други надлежности немаме. Услугите за погребување ги прави економски оператор, што е ангажиран. За овој случај, по реакции на граѓани дека неколку сандаци се фрлени на гробиштата, вчера се организиравме, ги собравме и ги однесовме на Русино, каде што им е местото.“, изјави Исак Лазами, директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Од ИВЗ соопштија дека починатите од ковид се погребуваат според протоколи. Ковчезите не се отвораат и сите религиозни обреди се извршуваат откако сандаците ќе бидат веќе спуштени во земјата.

Директорот на Комуналец вели дека погребувањето на мртвите со корона е под надзор на надлежни комисии.

Од СВР Тетово соопштија дека преземаат мерки за откривање-кој и зошто ги оставил сандаците. Ќе се утврдува дали постојат основи на сомнение за сторени кривични дела, односно дали има елементи на непостапување по прописи во време на епидемија или на ширење на заразна болест.

Полициските службеници кои биле испратени по сознанија за фрлени мртовечки сандаци, не нашле погребална опрема на посочените места. 

Екипата на ТВ Кис/Менада на Русино ги снимаше ковчезите. Некои веќе до половина затрупани со земја, некои искршени на делови.

Материалы по теме:

Ново продолжување на блокадата кон Русино
Русино останува забранета зона за отпадот од полошките општини. Блокадата кон таканаречената депонија е продолжена по четври пат за дополнителни десет дена. Приод е ...
Блокада на Русино, граѓаните не дозволуваат пристап за камиони со ѓубре
Се спушти рампата на патот што води кон Русино кај Гостивар. Граѓаните не дозволуваат носење на ѓубре на таканаречената депонија. Камионите со отпад кои ...
„Стоп Русино“ од денес не дозволува пристап до депонијата ни за отпадот од Гостивар
Иницијативата „Стоп Русино“ од денес нема да дозволува ниту отпадот од Гостивар да се носи на депонијата. Откако го пропуштија кон градот последниот камион на ...
По трет пат продолжена блокадата на Русино
Рампата кон Русино, останува спуштена и понатаму. Граѓаните одлучија да ја продолжат блокадата и во следните 10 дена. Пристап до депонијата, за сега имаат ...
Од недела блокада на Русино, ќе важи и за камионите со ѓубре од Гостивар
Од недела точно напладне започнува десетдневно блокирање на патот кој води до Русино. Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“, организатори на блокадата, ...