Муслиманите го чествуваат празникот Рамазан Бајрам

Муслиманите го чествуваат празникот Рамазан Бајрам. На вчерашната утринска молитва Сабах Намаз џамиите беа отворени. Се почитуваат препораките за носење на заштитна маска и задолжителна дезинфекција на верниците. Но, поради присуството на голем број верници не беше возможно да се одржува препорачаната физичка дистанца.

Во централната, Шарената Џамија верници имаше внатре во објектот, во дворот, но и во блискиот парк.

Но сепак и овој простор не беше доволен да се одржи потребната физичка дистанца меѓу верниците. Имамот на Џамијата вели дека благодарение на донациите успеале да обезбедат маски за сите. Присутните пред влезот на џамијата беа дезинфицирани, а сите носеа посебно седаџе, кое им служеше за клањане за време на утринската молитва која траеше 15 минути.

Дел од верниците годинава мораа да ја прекинат традцијата на одење по гости за време на најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Во тетовско за време на утринската молитва вчера не беа отворени само две џамиии. Имамот на џамијата во Порој  Максум Абази, одлучи џамијата лоцирана на сред село да не ја отвори за верниците, се со цел како што истакна, да ги заштити неговите соселани.

Џамијата во Глоѓи пак беше затворена како што ни кажаа од одборот затоа што објекто бил претесен за одржуавње на молитва во време кога треба да се одржува физичката дистанца меѓу луѓето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!