Навремено откривање и третман на лицата со попреченост за побрза инклузија во општеството

Се зголемува бројката на лица со пречки во развојот. Специјалниот едукатор и рехабилитатор, Илинка Димчевска, од Кабинетот за едукација, рехабилитација и стимулирање на раззвој Виножито Тетово, вели дека причина за тоа е свесноста на општеството за оваа категорија граѓани е поголема, како и информираноста, но сепак се уште постои стигма кај дел од родителите.

 Димчевска има 10-годишно работно искуство во оваа област. Во моментов работи со 19 деца со различна категоризација. Таа смета дека со лицата со попреченост најпрво треба да се работи на индивидулано ниво, а потоа да се вклучи социјализацијата.

Според СЗО во последните години над милијарда лица со попреченост на светско ниво, над 15 %, во нашата земја, пак тој процент е над 10.