Надлежните со постојани апели да се почитуваат мерките за заштита од ширење на заразата

636 активно болни лица со Ковид 19 во тетовскиот регион. Бројките секојдневно растат.

Секојдневно се регистрираат двоцифрени бројки на новозаразени со ковид 19 на дневно ниво во тетовскиот регон. Заклучно вчерашниот ден има 636 активни случаи. Се повеќе пациенти се примаат и во здравствените установи, а за жал има и смртни случаи. Во билтенот на Министерството за здравство за вчерашниот ден се регистрирани 5 починати пациенти.  

Во Тетово како регион има широка трансмисија на болеста, поради што надлежните постојано апелираат да се почитуваат мерките за заштита.

Полицијата продолжува да казнува лица кои не носат заштитна маска. Во текот на изминатото деноноќие на вкупно 86 лицa (ТЕ-55 и ГВ-31) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 73 лицa во гостиварско изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на 1521 (ТЕ-1120 и ГВ-401) лица со вакви решенија и при тоа не било констатирано непочитување на решенијата.

error: Content is protected !!