Надојдена и матна вода во месноста Бањиче – опасност и од одрони

Веќе неколку дена регионов и земјата се зафатени од влажен бран. Топењето на снеговите по планините и обилните врнежи предизвикаа драстично зголемување на нивото на реките, а се предупредува и на можно излевање. Слична е ситуацијата и на месноста Бањиче во Тетово.

Ретко можеше да се забележат рекреативци – лошото време и маглата ги одвраќаат граѓаните од пешачење по оваа патека.

Од Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Тетово известија  за зголемување на нивото на сите реки во Тетово и Тетовско како и Гостивар и Гостиварско. Најризично за излевање, велат е на потегот Сиричино-Јегуновце каде реката Вардар можно е да се излее и поплави поголем дел на обработлива површина. Исто така и река Пена постои опасност да се излее и поплави поголема обработлива површина на потегот село Фалише – село Сараќино. За следните денови, од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека се очекува снег, како и намалување на температурите.