Над 250 лица од реонот на Северна Италија се очекува да пристигнат во Македонија

Над 250 лица од реонот на Северна Италија се очекува да пристигнат во Македонија.Поголем дел од овие лица ќе бидат сместени во државните карантини на Попова Шапка.

Моментално во државните карантини на Попова Шапка престојуваат 62 лица, кои претходно беа дојдени од неколку европски земји. Во трите хотели на центарот предвидени за карантин ќе бидат сместени уште 100 лица, кои се очекува да дојдат од реонот на Северна Италија. Како досега, така и за за нив ќе бидат преземени сите здравствени превентивни мерки.

Досега во државните карантини на Попова Шапка беа изолирани 180 граѓани дојдени од повеќе европски земји. Сите се пуштени во домашна самоизолација освен едно 6 годишно девојче позитивно на КОВИД 19. 

Од СВР Тетово, велат дека на гостиварското подрачје во државен карантин поточно во хотелите во Маврово има сместено 170 лица.

Бројките говорат дека во државните карантини на Попова Шапка и Маврово минатиот и овој месец вкупно биле сметени над 430 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!