Намален бројот на ковид пациенти во тетовската болница


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

И покрај релативната стабилизација на состојбата лекарите со апел да се почитуваат мерките.

Деновиве се регистрираат помали бројки на нови случаи со ковид 19 во тетовскиот регион. Во однос на минатата недела бројот на хоспитализирани пациенти и лицата кои имаат потреба од медицинска помош е намален за 30 %.

И покрај релативната стабилизација на состојбата лекарите со апел да се почитуваат мерките, особено поради доаѓањето на исселениците во родните места.  

Иако бројките на заразени со ковид 19 се намалуваат, сепак, по бројот на активни случаи Тетово се уште го држи второто место на листата на Институтот за јавно здравје.

Во моментов активно болни се 705 лица, а вкупниот број на ковид дијагностицирани пациенти од почетокот на пандемијата достигна 4 833.