Наместо да се намалат цените на средствата за хигиена во време на пандемија се зголемуваат

Наместо да се намалат цените на средствата за хигиена во време на пандемија се зголемуваат. Граѓаните и стопанските комори бараат државата да интевенира во овој сектор преку субвенции. Од Стопанската комора на Северозападна Македонија, сметаат дека внимание треба да се обрне и на квалтиетот на овие производи посебно на тие кои се увезуваат.  

Граѓаните велат дека трошоците за средствата за хигиена во време на пандемија се уште поголеми, затоа што истите поради превенција повеќе се трошат.
Стенд ап

Бараат интервенција на државата, а не да гледа слепо на состојбата на пазарот, каде дури и се зголемуваат цените на овие производи.

Од Стопанската комора на Севрезападна Македонија, велат дека даночните олеснување уште со почетокот на пандемијата за овие производи требаше да се намалат, затоа што заштитата на нашето здравје треба да биде најголем приоритет на властите.

За овие проблеми од комората разговарале уште на првиот состанок со новиот владин состав. Им посочиле дека не се само цените проблем, туку и квалитетот на средствата за хигиена кои се увезуваат од странство. Наши членови ни посочиле повеќе производи кои немаат соодветна декларација, а некои имаат декларација на производите, но составот на средството е сосема нешто друго. Во овој сектор треба да се спроведат строги контроли и инспекцијата да биде на терен, истакнаа од комората 

За да се спречи злоупотребата вели Кучи потребни се строги санкции кон узвозниците на производите кои даваат лажни гаранции дека средствата за хигиена ги исполнуваат критериумите, за истите на крај да завршат кај наосетливите пациентите во здравствените установи, како и кај децата во градинките и училиштата.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!