Напад, приведувања, кражби во тетовско-гостиварскиот регион

И во изминатите празнични денови полицијата во Тетово и Гостивар евидентира настани од црната хроника.

На 7 јануари, половина час после полноќ во Групчин, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 19 години од Џепчиште и од Порој затоа што физички нападнале и со возило „фолксваген лупо“ удриле полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле задржани во Полициската станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Исто така ноќта на 7 јануари околу 2 часот по полноќ, во тетовска Волковија, полициски службеници лишиле од слобода 22 годишен жител на гостиварско Чегране, кај кого биле пронајдени марихуана и ризла. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

На тетовското подрачје регистриран е и случај на семејно насилство. На 6 јануари  полициски службеници лишиле од слобода 25 годишно лице од тетовско затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 30 – годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Гостивар пак, на истиот датум, бил лишен од слобода 18 годишен гостиварец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во угостителски објект на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, каде одзел пари. Во врска со настанот, по кратко време, во полициска станица се пријавил и еден малолетник, кој исто така е осомничено за инволвираност во извршување на кривичното дело. Двајцата се соочуваат со пријави.